(ВИДЕО)Потврда од владино ниво во Израел: Не дале финансиски донациии! Се потврдува провизијата за режимот

0
1289

Izrael-Zaev-Shalom-640x320

Израел нема дадено донација во пари за Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната средба со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Силван Шалом и вториот човек на израелската разузнавачка служба Мосад. Ова според Заев уште еднаш докажува дека во случајот со набавка на опрема од Израел била земена провизија.

Како што изјави Заев, на средбите со првите луѓе на Израел, се разговарало, меѓу другото, за прислушуваните материјали.

„Во интерес на соработката можам да кажам дека денеска со потпретседателот на Владата и со дел од службите коишто работат во владините институции, разговаравме и тие се информирани целосно за она што беше дел од споделувањето на прислушуваните материјали во Македонија и она што допираше до државата Израел. Секако изразуваат респект заради внимателноста на целиот овој процес којшто опозицијата го направи, поради тоа што се работи за технологија којашто е изработена овде во Израел, но сепак е на користење во Македонија и се користи во делот на она што беа детали – не би ги споделувал со јавноста заради тоа што се во интерес на демократските процеси на идниот развој на нашата Македонија.

Израел како и многу други земји, донациите ги дава пред `се во знаење и во опрема. Финансиските донации не се познати за Израел, што значи само уште еднаш се потврдува провизијата. Финансиите коишто легнуваат на сметка се апсолутно надвор од секаков вид законито работење на поединци од Република Македонија. Тоа само по себе потврдува дека она коешто опозицијата го зборуваше во делот на споделувањето на аргументите во проектот Вистината за Македонија е така.

Дефинитивно се потврди дека донациите се присутни како опрема, во знаење, во пренос на подготвени професионалци и експерти кои доаѓаат на обуките за имплементација и менаџмент со секаков вид на опрема со којашто Израел ја помага Македонија или продава кон Македонија по кој било основ, но финансиските донации не постојат“, изјави Зоран Заев.