(ВИДЕО)Плата за седење дома: 128.347 вработени во јавниот сектор

0
1241

Осум часот наутро е, а оваа госпоѓа, наместо да си оди на работа, таа е на кафе. Вработена е во јавната администрација, пренесува ТВ21.

Иако, решение за работа добила пред две годни, таа седи дома. Се уште не ѝ е обезбедена канцеларија за работа, а е вработена од Агенцијата за вработување, во рамки на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. Сепак, на оваа државна службеничка која зема плата од 15 илјади денари, актуелниот статус ѝ пречи. Таа не сакаше да го открие идентитетот, од страв да не ја загуби работата.

Слични случаи има многу. Од МИОА велат дека се вработени уште 128.347 други лица во 1288 јавни институции. Беше објавен годишниот извештај за 2015 година со податоците од регистарот на вработените во јавниот сектор. Но, на презентацијата на извештајот, министерката Марта Томовска изјави дека вработените кои не се распоредени на нивните работни места – не се вклучени во Извештајот.

На конференцијата организирана од Националниот младински совет за развој и застапување на младите во државните институции беше присутна и Фљорида Реџепи во својство на координатор за образование во Секретаријатот за европски прашања.

Секоја година, бројот на вработени во јавниот сектор се зголемува, но останува голем и бројот на оние кои не се сместени во нивните работни места. Меѓународната заедница редовно има забелешки во врска со оваа прашање, истакнувајќи ја и потребата за реформи, но од тоа сè уште нема ништо.