(ВИДЕО) Оливер Спасовски: Даравелски ќе биде екстрадиран!

0
1172

Oliver 26Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави денеска дека екстрадицијата на поранешниот директор на Царинската урпава Драган Даравелски се прави врз основа на барање од Интерпол, односно преку Министерството за правда до Србија.

– Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, има решение и Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското Министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција – појасни Спасовски.

На новинарско прашање до каде е со случајот за личните карти, министерот Спасовски посочи дека Специјалното јавно обвинителство ја отвори истрагата „Титаник“ и во рамки на таа истрага, подвлече, се спроведуваат сите можни активности.