(ВИДЕО)Невиден примитивизам на потрчковците од ДПМНЕ: Телма нападната во општина Аеродорм!

0
1296

petar_vo_aerodrom_napadНаместо преставување на ДУПОТ за квартот Острво во населба Аеродром , кавгата меѓу општинските власти и преставници на опозицијата се сврте во расправија за Телма,пренесува телевизијата.

„Иако уште на почетокот на дебатата и се преставивме на раководителката која го презентираше деталниот план, таа вербално не нападна само затоа што присуствувавме на настан кој беше јавен, а на кој имаше и граѓани“, пренесува Телма.

– Не не воопшто не си се претставил од кај си, јас лично застанав тука го прашав од која телевизија сте вика од Телма и јас врз основа на тоа реков од телма ТВ дојдоа да снимаат. Со кое право ми ја сликате личната карта имам лични информации?

Кавгата започна заради големиот број прашања на граѓаните за новите локации каде се превидуват згради со колективно домување. Дупот се критикуваше заради се помалите површини на зеленило, на што раководителката се пожали дека нема услови за негово претставување, отфрлајќи ги нивните тврдења за ДУП-от.

Раководителката ја обвини Телма дека не случајно го следи настанот.

– Сакам нешто пред телевизија Телма да кажам.

– Ова се медиуми, јас не гледам тука една телевизија, јас тука гледам камера, камера, камера, не гледам ни Телма ни Шелма.

– Пред јавните гласила сакам да кажам, дали е Телма не сакам да биде тоа прекинато, затоа што јас ги прашав господата ми рекоа дека се од Телма. Кај се Сител и Канал 5? Па вие не сте ги повикале ова е ваша телевизија!

Телевизија Телма следи настани од јавен интерес како овој во Општина Аеродром , а точно е наведено во кои институции и на кои настани новинарите треба да се легитимираат –овој настан не е од таков карактер. Само еден час претходно истата екипа го проследи и дупот за Општина Кисела Вода без никакви проблеми.

Атмосферата во Месната заедница се смири откако раководителката ја повика полицијата да интервенира, по што презентацијата беше прекината. Граѓаните велат дека ќе се градат нови 12 згради, но градоначалникот Ивица Конески во изјава за Телма негира и вели дека се работи само за три. Две од зградите се во близина на железничката станица, додека третата ќе биде во близина на Мајчин дом со висина како и веќе постоечките објекти, вели Конески.

Реакција на телевизијата:

Ова не е прв пат телевизија Телма да биде вербално нападната додека ги извршува професионалните задачи.

Телевизија Телма во иднина ќе бара правна заштита, за да може непречено да ги извршува професионалните обврски.

Видеото ОВДЕ