(ВИДЕО)НАРОДОТ СЕ БУДИ: Селаните од Вранче на „клоци“ го дочекаа министерот Мисајловски

0
1676

Стотина жители на долненско Вранче денеска со негодување го примија во селото министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски,зашто веќе не веруваат на изборните ветувања дека патот, во должина од само три ипол километри воопшто ќе биде изграден. Овој крак на регионалиот пат Долнени –Македонски Брод, политичарите го споменуваат само за време на избори, а потоа на ветувањата никој не се сеќава, велат мештаните.

Наместо задоволство, жителите изразија комплетна недоверба на најавите од Мисајловски.
Мисајловски денеска беше во посета на долненска општина, за да го означи почетокот на изградбата на регионалниот пат од Долнени кон Македонски Брод, каде се интервенира прв пат по10 години владеење на оваа коалција.


ZITELI NA VRNCHE NEZADOVOLNI OD MISAJLOVSKI 21 03 by 24vesti