(ВИДЕО)Манчевски: По промените, субвенции од 160 милиони евра и вистинска грижа за земјоделците

0
847

Mancevski2-685x320Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска беше помеѓу граѓаните на Неготино и Кавадарци.

Земјоделците во неготинските села Пепелиште и Курија се пожалија дека субвенциите завршуваат кај луѓе блиски до власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемите газди, сега земаат најмногу пари од субвенции а нема за нас, вистинските земјоделци, рекоа жителите.

Откако СДСМ ќе ја превземе одговорноста тоа ќе се промени, нагласи Манчевски и додаде дека Владата на СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра, коишто навремено ќе завршуваат кај вистинските земјоделци.

-Бандата на Груевски потроши 630 милиони евра, пари на граѓаните, за споменици. Се делеа тендери, провизии а граѓаните плаќаат за кредити затоа што нема патишта и улици. Доаѓа време кога Груевски ќе се соочи со последиците и одговорноста за криминалното владеење, рече Манчевски во Пепелиште.

Земјоделците во Курија зборуваа за проблемите со откупот на тутунот.

Ние сме многу производители, наспроти малкуте продавачи кои не уценуваат за цените на нашите производи, и на крајот они земаат поголем дел од профитот, рече еден од земјоделците во Курија.

-Државата мора да им помага на земјоделците. Бенифициран работен стаж, зелената нафта, државна помош за отварање на производни капацитети, интервентен фонд од 3 милиони евра при пониски откупни цени на производите се само дел од многуте мерки во програмата на СДСМ за земјоделците, рече Манчевски.

Зборувајќи за актуелната политичка состојба во Македонија, Манчевски додаде дека остануваат уште две клучни работи за обезбедување на потребните услови за слободни и фер избори, прочистување на избирачкиот список и реформите на медиумие.

-Виде јавноста какви криминали се правеле за изборите, го покажа тоа и хаосот во избирачкиот список. Видовте какви криминали се правеле токму во Министерството за земјоделство, на штета на земјоделците. Затоа, одоговорност за криминалот и изборните измами мора да има и ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара, рече Манчевски.

Манчевски во Неготино и Кавадарци беше заедно со претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, која зборуваше за мерките од социјалната политика на СДСМ кои ќе овозможат подобар животен стандард на граѓаните.