(ВИДЕО)Манчевски: Настаните од вчера се доказ дека немало странски служби, Груевски цело време лаже

0
1277

Прво, ја повторуваме нашата целосна и принципиелна поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, но настаните од вчера се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки. Вчерашните настани се најдобар доказ дека Никола Груевски постојано и цело време лаже. Вчерашните настани се најдобар доказ дека сите оние кои што го прекршиле законот ќе одговараат и дека Никола Груевски ќе одговара, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.