(ВИДЕО)Кире Наумов: Режимската МРТВ тоне во долгови побрзо и од Владата

0
1002

Огромните долгови на Македонската радио телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива. Раководството на МРТВ за само две години долгот по основ на даноци го има зголемено за повеќе од три пати, изјави Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финасии.

„Во јануари 2014 долгот изнесувал скоро 600.000.евра, а во февруари 2016 според листата на должници на Управата за јавни приходи долгот е повеќе од два милиони евра. Неправедно е граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот и дополнително да плаќаат Радиодифузна такса за финансирање на партиско гласило кое создава само долгови. УЈП секоја година блокира десетици илјади граѓани и фирми поради радиодифузна такса. Тоа кај граѓаните создава дополнителни проблеми и нови и нови трошоци. Наместо вистински јавен сервис што ќе работи во интерес на граѓаните, МРТВ е дел од пропагандната машинерија на Никола Груевски“, изјави Наумов.

За период од еден месец, од 01.02.2016-29.02.2016, на МТВ1 емитувани се позитивно-промотивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во траење од 3 часа и 28 минути. Промотивни прилози за СДСМ се емитувани од само 37 минути, што е разлика од 3 часа. Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ на МТВ1 нема, но затоа негативни прилози за СДСМ има во времетраење од 16 минути.

„Ваквата работа на МРТВ е уште еден доказ зошто се потребни реформи за слободни медиуми. Неопходно е да се обезбеди медиумски простор за непристрасно, балансирано и објективно информирање на граѓаните. Јавноста има право да ја знае вистината.
СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса и ќе обезбеди одржливо финансирање на МРТВ од буџетот“, порача Наумов.