(ВИДЕО)Катица Јанева РАСПУКА ПО РЕЖИМОТ пред својата романска колешка: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно!

0
917

janeva-laura-860x680Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување, пренесува „Мета“.

– Во случајот „Титаник“ се работи за осомничени лица за изборни манипулации на изборите во 2012, 2013 и во 2014 година. Овие лица за кои е отворена истрага, биле или сè уште се на високи функции и со доказите со кои располагаме, во 80 проценти го докажуваат обвинението со кое имаме намера да излеземе во врска со овој случај – рече Јанева.

Одговарајќи на новинарско прашање дали одговорила на поканите на Собранието и на Советот на јавни обвинители за лично да го образложи извештајот, таа рече дека нема намера да оди во овие институции.

– Сметам дека извештајот содржи сè што е потребно. Не станува збор за некој обемен документ. Доколку претставниците на овие институции имаат некакви забелешки, нив можат да ги достават до СЈО, а ние ќе ги разгледаме и може да ги вклучиме во наредниот шестмесечен извештај – рече Јанева.

Специјалната обвинителка посочи дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“ со нови осомничени лица.

– Не се плашиме од судот, кога ќе дојде редот за прифаќање на обвиненијата. Тоа ќе биде посебна борба, која ќе видиме како ќе се одвива кога ќе дојде редот за тоа – додаде Јанева.

Јанева денеска беше една од главните говорници на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, што од утрово се одржува во хотелот „Холидеј ин“.

Извор: Мета

Видео од обраќањето на Катица Јанева може да погледнете ОВДЕ