(ВИДЕО)ЗАЕВ ТЕХНИЧКИ ВЕЌЕ ПОВИКА НА ВОСТАНИЕ: Ако Уставен се дрзне да го укине СЈО, ќе ги повикаме граѓаните да ја земат правдата во свои раце!

0
1205

zaevvv-stojanche-617x320Зоран Заев, лидерот на СДСМ на денешната прес конференција одговараше на повеќе новинарски прашања за актуелната политичка криза.

Одговорите Ви ги пренесуваме во целост:

Г-дине Заев, денеска стапува на сила суспендирањето на одлуките на министрите на СДСМ. Истотака и Димитриев рече дека неговата одлука била законска и во согласност со Договорот од Пржино. Како го коментирате ова, дали може да има хаос сега во овие министерства, како ја коментирате целата ситуација?

-Прво, двајцата министри отвораат правна постапка за оспорување на ваквата одлука пред надлежните институции, се надевам дека има основ за кривични пријави. Ако има основ, правните тимови тоа ќе го потврдат, покрај правните постапки, по жалбената постапка за поништување на оваа одлука ќе се отворат и кривични пријави. И јавно ги охрабрувам, доколку некој го прекршил законот, носејќи ја ваквата одлука, па дури тоа да било и Влада на Република Македонија треба кривично да одговара, за помен и паметење на сите генерации – како не треба. Ние сме убедени дека оваа одлука е незаконска, целата јавност не мора да биде нешто посебно правно подготвена за да знае, дека оваа одлука на Владата е незаконска. Истовремено уште еднаш потенцираме дека ова го нема никаде во светот и ниту една Влада не преземала ваков чекор за поништување одлуки коишто се решенија на самите министерства, коишто доаѓаат и до апсурдност, станува збор и за решенија, на пример, за породилно отсуство или враќање од породилно отсуство, како што е решение за награди на припадниците на специјалните единици коишто ги чуваат граничните премини, ја менаџираа бегалската криза, како што е наградувањето на граничните премини, каде што се нашите полицајци, исто 35 решенија на г-динот Митко Чавков коишто ги потпишал пред доаѓањето на Оливер Спасовски и уште еден куп други решенија за коишто брзајќи најверојатно, не проверувајќи го дури и законот, на купче, Владата донела одлука на основа на неовластен предлагач. Согласно тоа, Оливер Спасовски е должен по законот, од она што го знам од правните тимови, да им соопшти на сите раководители да не постапуваат по таа одлука. Јас се надевам дека не постапувањето по ваквата одлука ќе ги остави состојбите во статус кво и понатаму постапките, пред надлежните институции по жалба коишто се отворени и од Оливер Спасовски и од Фросина Ременски и ќе дадат плод преку уште една потврда за незаконитото работење на Владата на Република Македонија.

 До петок Собранието на Република Македонија треба да ги распише изборите, што очекувате? Мислите ли дека ќе одат докрај?

-Знаете како, ние можеме да кажеме за нашите чекори – Никола Груевски и `се е можно, тој управува со сите институции и `се е возможно. Не е дека не очекувам дека една од варијантите што се поприлично извесни е токму таа. Ние знаеме како ние ќе се позиционираме, уште еднаш потенцирам стоејќи докрај дека не постои алтернатива на Dоговорот од Пржино, ние сме во Државната изборна комисија и очите во моментов се вперени таму. Во ДИК процесот привршува, ако на 15-ти се распишат изборите, 16-ти е датумот согласно член 43, став 3, според којшто се заокружува прочистувањето на Избирачкиот список, понатаму се доставува до статистика заради адресното прераспоредување, на 25-ти тече јавниот увид, и така натаму по Роковникот. ДИК, очекуваме да го прочисти Избирачкиот список, тоа не е заради тоа што Заев го бара, тоа е заради тоа што дадовме потпис на Договорот од Пржино сите, тоа се дел од минимум условите коишто мора да бидат исполнети. На крајот на денот, само на тој начин преку прочистен Избирачки список, граѓаните ќе имаат доверба во Избирачкиот список којшто е гаранција за регуларноста на изборите. Убедени сме дека согласно постапките коишто ДИК ги води по закон и методологија, ниту 16-ти, ниту 19-ти, ниту 20-ти, не се доволни за прочистување на Избирачкиот список од проста причина што се веќе јасни чекорите, што значи теренската проверка, колку време им треба, што значи административното проверување, што значи методологијата и постапувањето после административното распоредување, 124.000 коишто се утврдени како сомнителни не се проверени, мора да бидат проверени, и алатката за бришење на сите оние коишто беше утврдено дека по закон не треба да останат на Избирачкиот список. Процесот е јасен, драго ми е што одат јавни седници на ДИК заради транспарентноста. Се додека не се прочисти Избирачкиот список, ниту опозицијата, ниту кој било во Македонија, не треба да учествува. Во тоа име ги повикувам и дел од владејачките партии, во името на Македонија и во името на законот и Уставот на Република Македонија, да ја напуштат оваа владејачка коалиција и да се приклучат на страната на Македонија. Тие постојат заради граѓаните на нашата Македонија.

Каква е вашата комуникација со меѓународната заедница како ги оценуваат тие вашите постапки за да се распишат изборите на 15-ти?

-Меѓународната заедница со своите ставови е јавно присутна. Тие кажаа дека Македонија испуштила шанса на 6-ти да ги исполни минимум условите за организирање фер и демократски избори. Појасно здравје. И впрочем тие се гарантори на Договорот од Пржино. Впрочем тие се истите луѓе што дадоа свои проценки за исполнување на условите. Граѓаните на Македонија ги знаат условите коишто се и дали се исполнети или не. Така да, меѓународната заедница не може да биде поинаква без разлика кој и да се надева на тоа. Европа мора да се залага за европски вредности, САД за универзалните вредности. Принципите се принципи и не можат ништо друго да направат освен да опстојат на принципите. Минимум услови од Договорот од Пржино се: прочистен Избирачки список, реформи во медиумите и разграничување на партијата од државата. Реформите во судството, тајните служби и другите институции одлучивме после изборите, но оние услови коишто имаат директен импакт врз изборите се нешто што минимум мора да го завршиме сите.

Дали ова значи дека со одржувањето на изборите пржинскиот Договор е мртов и дали СДСМ е дефинитивно на ставот дека ќе има бојкот на изборите?

СДСМ не го споменува зборот бојкот. Ние велиме дека нема да учествуваме на избори без исполнување на минимум условите. Ние уште еднаш нагласуваме, немаме намера на телевизија да ги гледаме тие избори. Оваа борба, принципиелена, со проектот Вистината за Македонија, не ја отвориме за на крај на телевизија да гледаме како владејачките партии еднострано учествуваат во нив. Тоа не е закана, тоа е решителност да се справиме со секој кој ја загрозува иднината на Република Македонија. Од тука, остануваме конструктивен партнер и за власта и за меѓународната заедница, а најмногу на граѓаните на Република Македонија. Ставот е јасен – не учествуваме на такви избори. `Не гледате во ДИК? `Не гледате заробени во министерствата? Принципиелно до крај ќе се бориме да има живот во Договорот од Пржино, заради тоа што не постои алтернатива. Ние до крај ќе се бориме Договорот од Пржино да биде жив и согласно тоа Македонија да го добие фер начинот и патот по којшто ќе дојде до стабилност и гаранција за нејзината демократска иднина. Тоа е исклучиво преку регуларни, фер и демократски избори.

Дел од медиумите од пишуваа дека Уставниот суд ја презема иницијативата да го укине СЈО, СДСМ ќе продолжи со објавување на бомбите?

Тоа е една од варијантите.

 Дали останале некои материјали од бомбите кај вас во СДСМ?

`Се што имавме ние предадовме чесно и тоа неколку пати го кажав. Делегирањето доверба во независните институции ДИК и СЈО го покажавме на дело. Проблемот е што тајните служби на Сашо Мијалков и ВМРО ДПМНЕ не ги доставиле материјалите па при секакви претреси излегуваат од сите страни. Ние нашето го завршивме. Но ред е, ако СЈО биде укинато – тие материјали кај да одат, кај Зврлевски? Јован Илиевски? Сашо Мијалков? Тие треба да се вратат во СДСМ. Најстрашното не е тоа СДСМ да ги врати материјалите. Ако се дрзне Уставниот суд да го укине СЈО, граѓаните и со наш повик правдата да ја бараат во свои раце. И тие ќе одлучуваат за правдата во Република Македонија.

Некои од медиумите најавија дека СДСМ на 24-ти ќе ја бара правдата на улица, на протести. Дали се можни протести?

Протестите се една од работите коишто не ни бегаат. Така да протести ќе има доста во Македонија доколку не се вразуми оваа власт и не се врати на нормативите и принципите зад коишто ставиле потпис, постигнале договор, гласале закони во Парламентот. Секако протестите се една од можностите коишто ни стојат, ќе повикаме на протести и протестите ќе бидат уште помасовни и секако ќе ја постигнат својата цел. Македонија мора да биде нормална земја. Опозицијата нема намера да се откаже од тоа. Посебно сме охрабрени, изразуваме респект кон сите овие партии со коишто апсолутно СДСМ со дел од нив немаше никакви контакти. Опстојуваат зошто премногу аргументи и факти се на маса, бегање од тоа нема. Единствениот пат по којшто мора да се движи Македонија е кон извесна иднина, преку регуларни, фер и демократски избори.

Дали меѓународниот фактор ќе се изјасни децидно дали се спроведени условите за фер и регуларни избори?

Ако нема намера да се изјасни, го повикувам да се изјасни. Европа не може да молчи, САД не може да молчат. Точно е, опозиционите кругови зборуваат зошто е ова затишје од меѓународната заедница. Тие имаат свои чеда овде во Македонија, преку Пржино Договорот и одредени институции. Зборувам чеда заради тоа што пријателски, искрено се трудеа да и помогнат на Македонија и тие мора да зборуваат, мора да ги соопштат своите ставови за да се знае што е принцип, што е потпишано, што е исполнето, што не е исполнето. Согласно тоа најпријателски ги повикувам да ги соопштат своите ставови во поглед на оваа ситуација во Македонија иако поприлично досега ги кажаа – на 6-ти април Македонија пропушти да ги исполни условите за регуларни избори. Тоа е последниот став на меѓународната заедница, барем јас оној што го имам слушнато.

Доколку трите партии потписници на Договорот од Пржино учествуваат на изборите, а вие не учествувате, што во таква ситуација?

Мислите на власта? Ако власта учествува тоа се еднострани избори на коишто учествува само власта. Јас се надевам дека господинот Мендух Тачи и ДПА ќе се позиционираат таму каде што припаѓаат во општеството, а тоа е опозиција и секако ќе ја извршат својата улога како опозициона партија. Тоа не е некаков повик или некакво укажување или упатство. Тие знаат за што зборуваме, тие ставија свој потпис на Договорот од Пржино, тие знаат што значи прочистен Избирачки список, го чувствуваа на своја глава во Зајас и во Кичево, не го чувствуваше само Заев во Струмица, во Битола или во Штип, и Куманово и во Скопје. Секој од нас знае колку е насушна потребата од чист Избирачки список и реформи во медиумите.