(ВИДЕО)Заев: СДСМ е подготвен за избори на 5 јуни, народот е охрабрен и рејтинзите се променети!

0
1206

СДСМ во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа на тирибина пред кумановци презентираше дел од својата партиска програма.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето истакна дека народот е подготвен за промени за, како што рече, подобра Македонија.

Заев пред кумановци истакна дека СДСМ ќе опстои до крај за да се случат регуларни, фер и демократски избори. Без прочистен Избирачки список и без регулација на медиумите, потенцира Заев, нема да има избори.

Очекува ДИК да даде одговор дали процесот на проверка на Избирачкиот список е кредибилен и да дадат јасно соопштение и рокови по кои ќе се прочисти, како и да одговорат дали РМ за изборите на пети јуни ќе добие веродостоен, односно кредибилен избирачки сисок.

– Јавно упатувам порака до сите, СДСМ е подготвен за избори на 5 јуни за кои што сме убедени дека промените ќе се случат. Македонија е подготвена за промени, но на Македонија не и прва цел, опозицијата да ја промени власта, туку прва неприкосновена цел се кредибилни избори како гаранција за кредибилна и добра иднина на сите граѓани во Р. Македонија, рече Заев.

Според лидерот на СДСМ, вкупно 65 проценти од партиската програма се економски политики кои ќе бидат насочени кон зајакнување на буџетот на секое семејство.

zoranzaevtribina-1

– Секој граѓанин на три месеци ќе има можност да добие повраток на 15 проценти од ДДВ, преку потрошувачка картичка, рече Заев и додаде дека државата ќе инвестира од 20 до 50 милиони евра за зајакнување на домашните и отварање на нови производни капацитети.

Појасни дека државата ќе биде малцински, а бизнис секторот мнозински партнер, кој по 20 години ќе има можност да ги откупи уделите по номинална вредност во заедничкото државно-приватно претпријатие. – Директни инвестиции ќе има дражавата за отварање на производствени капацитети.Тоа ќе го направиме со вкупно 140 милиони евра за еден мандат директно инвестирани пари во домашните компании, со конечна цел,работни места и високи плати, со просечна плата од 500 евра по вработен во нашата земја, рече Заев. Со оваа и со останатите мерки,нагласи, за еден мандат се очекува отварање на 64.000 нови работни места.

zoranzaevtribina-4

За младите, рече, дека е предвидена поддршка преку бизнис инкубатори со што се предвидени грантови од 10.000 евра, доколку одвојат сопствени од илјада до три илјада евра за бизнис. Најави дека ќе се воведе правично даночно оданочување, за оние со приходи од над 1.000 евра, ќе плаќаат персонален данок од 18 проценти, а останатите со под 1.000 евра данок, од 10 проценти.

zoranzaevtribina-2