(ВИДЕО)Заев: Заедно во одбрана на Уставот, СДСМ се приклучува на граѓанскиот протест

0
1326

СДСМ ќе се приклучи на масовниот протест пред Уставниот суд организиран од граѓанските организации, најави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој рече дека срамните одлуки на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборниот криминал и изборната измама.

– Хаосот во избирачкиот список го потврди она што го кажа и „Вистината за Македонија“. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги краделе парите на граѓаните, туку го краделе и нивното основно право на слободен глас, на слободен избор. Намерата да се амнестира овој изборен криминал ги загрозува темелите на правниот и уставниот поредок врз кои почива државноста на Македонија. Основен принцип на демократијата е владеењето на правото и законот мора да важи за секого подеднакво. Секој што го прекршил мора да одговара – рече Заев.

Тој ги повика граѓаните заедно да застанат во одбрана на Уставот и уставниот поредок на Македонија.

– Утре, вторник 15 март, граѓанската индивидуална и колективна свест нека го води маршот од пред Влада преку Собрание до Уставниот суд. Сите под знамето на Македонија, заедно за демократска Македонија – рече Заев.