(ВИДЕО)„Големиот љубимец“ на народот Црни Грујо за да победува на избори направил ХАОС ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК – Граѓани фрапирани дека на нивните адреси се водат и други лица!

0
959

Напуштена и празна куќа со искршени прозорци на улицата ,, Максим Горки, број 11. Никој не живее во неа а ако пребарувате во Избирачкиот список ќе се изненадите од бројот на гласачите кои се впишани.Дури 67 лица имаат место на живеење и право на гласање во овој празен објект. Слична е ситуацијата и со живеалиштата на улиците ,, Димче Мирчев,, 8 и ,,Димче Мирчев,, 4. На првата адреса се впишани 115 гласачи а на втората 59. Станарите кои живеат во овие  трошни бараки прв пат слушнаа дека на нивните адреси се водат и други лица, пренесува Телма.

Он ланј апликацијата за проверка во Избирачкиот список ги збуни граѓаните. Проверката по матичниот број, име, презиме, општина и адреса на живеење предизвика  лавини реакции по социјалните мрежи. На виделина излегоа сите аномалии    на списокот. Починати лица, фантомски гласачи, иселени , погрешни адреси. Дик ја чека напорна работа.Избирачкиот список мора да се пречисти.

Реагираше и СДСМ За нив ова е уште едне доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски организирале криминални избори, преку корупција, фантомски гласачи и злоупотреба на државните институции.

Граѓанската асоцијација Мост ја повика ДИК да даде прецизно упатство за пријавување на сомнителните податоци во избирачкиот список и да ја појани методологијата за целосен пристап. Дик се воздржува од каков било коментар и најавува дека за сите аномалии ќе се произјасни по завршувањето на увидот и вкрстената проверка на податоците од десете државни институции која треба да заврши кон почетокот на наредната недела.

Целиот прилог може да го погледнете ОВДЕ