(Видео)Богдановиќ: 26 април е референдум за слободата и референдум против начинот на владеење на Груевски

0
1301

bog 3

Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар, денеска на собирот во Капиштец, на кој беше објавена нова „бомба“ рече дека Центар е симболот на непокорот. Центар победи кога беше најтешко. Центар опстојува и покрај сите притисоци и закани. Центар и понатаму победува.

Денес, рече, сме сите собрани уште еднаш да ја потврдиме Вистината за Македонија и Вистина за Центар, é она што ќе го слушнете денес, го знаете и самите.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=3u9TUGfsqLs[/youtube]

Еве што рече Богдановиќ:

Знам дека со овие разговори ќе се присетите на уништените влезови, заглавените лифтови, избушените гуми, скршените штабови, крадењето на избирачки материјал, човечињата од Пустец. Но, денес сме тука за жал да слушнеме и уште полоши работи.

Тоа што го имате слушнато и тоа што ќе го слушнете, мене ме охрабрува. Знам дека и вас ве охрабрува. Знам дека заедно како и секогаш до сега, ќе извојуваме нова победа за центарци, нова победа за Центар.

За точно една недела, центарци ќе гласаат за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар. Ама тоа не е само референдум за ГТЦ. 26 април е референдум за слободата, референдум за демократијата, референдум против начинот на владеење на Никола Груевски.

26 април ќе биде уште една голема бомба, која ќе ги разниша темелите на злосторничкото владеење на Никола Груевски. Но, во исто време ќе ги зачува автентичните темели на ГТЦ, но и темелите кои ги има во сите нас, а тоа е желбата за нормална, слободна и демократска Македонија.