Вечера во ресторант кој виси на карпа

0
1149

На мексиканската планина Сиера Мадре, ќе се гради ресторан кој ќе ве возбуди во вистинска смисла на зборот. Имено, Copper Canyon Cocktail Bar ќе се смести на самиот кањон, што ќе биде целосно издаден.

bar1

Првиот кат на зградата ќе биде затворен, а вториот ќе биде платформа за гледање од која ќе се простира панорамски поглед кон бескрајната убавина на мексиканската природа.

bar3

Вистинските авантуристи сигурно ќе го ценат податокот дека просторот ќе има транспарентен под низ кој посетителите ќе гледаат падина долга од 240 метри, а за сите оние кои сакаат да се освежат, во ресторанот се наоѓа и отворен базен. Овој авантуристички локал сигурно ќе се најде на врвот на листата на најоткачени светски локации.