ВЕСТ: Тимот на Kатица уценет со партиски избор

0
1005

55EFE5362AACF740A1169C5E8DD7B33B-540x407

Во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители велат дека државниот обвинител Марко Зврлевски и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, кои се негови членови, се директни виновници за наводниот колапс на Обвинителството оти самите не предложиле доволно кандидати за прием на Академијата, пишува Вест.

“Државниот обвинител Марко Зврлевски и претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО) Петар Аневски, кои членуваат во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, се директни виновници за наводниот колапс на Обвинителството, за кој токму сега алармираат, кога треба да се комплетира тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева”, реагираа вчера членови на УО на Академијата.

Првин Зврлевски во средата, кога Советот отфрли половина од предложениот тим на Јанева, а вчера и Аневски, побараа да се врати стариот систем на избор на јавни обвинители, надвор од Академијата, од редот на стручните соработници и истакнати правници, врата низ која со години се партизираа не само обвинителствата туку, на идентичен начин, и судовите во Македонија.

Во Управниот одбор на Академијата, цитирајќи членови од Законот за Академија на судии и јавни обвинители, упатуваат на тоа дека клучот за тоа колку слушатели за судии и јавни обвинители во една учебна година ќе се запишат, е токму кај претседателите на Советот на јавни обвинители и на Судскиот совет на РМ, кои пребројуваат колку обвинители и судии фалат и предлагаат колку кандидати да се примат на Академијата.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ