Весникот Лајм со апел: Липковчани, не наседнувајте, изолирајте ги групите

0
863

Весникот Лајм веке подолго време најавува дека единствениот спас на некои политички структури од аферите кои им излегуваат на површина, е инсценирањето на еден вооружен меѓуетнички конфликт. Лајм уште од поодамна најавува за можноста од формирање на вооружени албански структури кои би ја провоцирале полицијата, за да и даде повод да интервенира.

uck

За жал, инцидентот кој денеска се случил во село Гошинце, наликува како дел од такво сценарио. Поради ова, жителите на општина Липково треба итно да се организираат и да ги изолираат овие групи, пред евентуалната интервенција на полицијата, бидеки потоа ке настане хаос кој тешко дека може да се контролира.

Лајм апелира до државните институции во Косово да не дозволуваат злоупотреба на нивната граница и територија, бидејки големи се шансите целта на овие групи да е создавање конфликт кој нема да наштети само на албанците во Македонија, туку и на имиџот на Косово како држава.

Лајм апелира и до преставниците на меѓународната заедница, да превземат се што е во нивна надлежност, и да не дозволат пред наши очи да се случи инсцениран конфликт, чија цел може да биде бришење со човечка крв на траговите на валканите пари.