Весна Ковачевска – Трпчевска : Му ветив на Груевски дека нема да го злоупотребам неговото јавување во Канал 5 кога се делеа откази, ВЛАСТА НЕ ВИ ДАВА ПРАВО НА ДИКТАТУРА!

0
5042

Текстот во медиумот под контрола на власта којшто без грам совест зборува за мојата егзистенција, а на сите им е јасно од кого ми беше одземена, е уште една потврда за исправноста на мојата одлука.
Ќе помагам и на новинарството и на граѓаните, чесно и одговорно, уште помотивирано, од аголот што го избрав.
Не запознав до сега работодавец како претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој инспирира со својата добрина и професионалност и среќна сум што сум дел од неговиот тим.
Му ветив на поранешниот премиер Никола Груевски дека нема да го злоупотребам неговото јавување откако оддекна веста за отпуштањата, при што останав без работа, и нема да го сторам тоа. Но очекувам да им каже на неговите додворувачи во таканаречените медиуми, дека не е фер да го злоупотребуваат моето име. Во најмала рака, срамота е. А и нему му прават штета.

Фејсбук статус на Весна Ковачевска – Трпчевска

Народен Глас : Откако Емил Стојменов од Канал 5 ја набрка професионалната новинарка Весна Ковачевска – Трпчевска од телевизијата само поради Црни Грујо на ден 29.07.2010 таа напиша жестоко отворено писмо до вождот каде јавно го избербати за неговото диктаторско јавување во телевизијата барајќи сервилност од неа кон власта.

29.07.2010, 10:55

НОВИНАРКАТА ВЕСНА КОВАЧЕВСКА – ТРПЧЕВСКА ГО ОБВИНИ ПРЕ­МИ­Е­РОТ ЗА УПАД ВО КАНАЛ 5

ГРУЕВСКИ, ВЛАСТА НЕ ВИ ДАВА ПРАВО НА ДИКТАТУРА

“Редакцијата функционира под закани и притисоци, директно на ка­би­не­тот на премиерот. Се прави директен контакт со новинари од службите за информирање на власта, со акцент дека ако новинарот се согласи да ја смени информацијата, нема да биде интервенирано на повисоко ниво во те­ле­ви­зи­ја­та”, пишува во отвореното писмо на Ковачевска – Трпчевска до пре­ми­е­рот

Но­ви­нар­ка­та Весна Ковачевска – Трпчевска, која завчера доби отказ од те­ле­ви­зи­ја­та Канал 5, вчера во отворено писмо до премиерот Никола Гру­ев­ски го обвини за упад во професионалното новинарство.
“По­чи­ту­ван г. Груевски, престанете да правите упад во про­фе­си­о­нал­но­то новинарство. Престанете да се заканувате и да плашите врапци, не Ви се плашиме! Можете да заплашувате криминалци, со чии криминали, нај­ве­ро­јат­но, ја условувате послушноста, но не и нас што си ја работиме сво­ја­та работа чесно, за пристојна плата многу години наназад, и кога вие не сте сонувале дека ќе станете премиер”, напиша Ковачевска – Трпчевска во писмото.
Таа завчера, заедно со уште шест колеги, беше отпуштена од Канал 5, со офи­ци­јал­но образложение дека Телевизијата има финансиски проблеми. Но Ковачевска – Трпчевска во писмото отворено посочува дека причините за групното отпуштање лежат кај власта. Додава дека како новинарка со дол­го­го­диш­но работно искуство во телевизиската куќа, чувствувала од­го­вор­ност да алармира за новиот упад во професионалното новинарство.
“От­ка­зи од работа добија дел од новинарите што се спротивставуваат на спро­ве­ду­ва­ње­то партиска политика, а најавени се нови отпуштања. Ре­дак­ци­ја­та функционира под закани и притисоци директно од кабинетот на пре­ми­е­рот. Се прават консултации со кабинетот на премиерот кој новинар е подобен за конкретен настан, на дел од новинарите не им се доверуваат ра­бот­ни задачи. Се прави директен контакт со новинари од службите за ин­фор­ми­ра­ње на власта, со акцент дека ако новинарот се согласи да ја сме­ни информацијата, нема да биде интервенирано на повисоко ниво во те­ле­ви­зи­ја­та”, стои во писмото.
Ко­ва­чев­ска – Трпчевска, која за ваквата состојба ги информирала и ам­ба­са­да­та на САД во Скопје, делегацијата на ЕУ и Меѓународната федерација на новинари, прашува и кој $ дава право на власта да прави упад во ме­ди­уми­те.
“Уди­ра­те по слободната мисла! Ја загрозувате егзистенцијата на луѓе. Кој сте Вие да правите таков упад? Што ако сте Власт? Тоа Ви дава право на дик­та­ту­ра? Не, не ви дава! Не можат сите да размислуваат како Вас. Имај­те доблест да прифатите критичка мисла како нишка која го храни и тур­ка демократскиот процес”, му напиша Ковачевска – Трпчевска на Гру­ев­ски.
Таа испрати отворено писмо и до газдата на Канал 5 Емил Стојменов, и го пра­ша зошто се отпуштени седуммина новинари, а најмалку 10 биле при­ме­ни во последната година.
“Пра­шу­вам јавно, бидејќи се сончате некаде по грчките плажи додека те­ле­ви­зи­ја­та бие патриотска битка – бидејќи Вие нe примивте, а доверивте друг да нe отпушти, ако телевизијата нема пари – зошто не прогласите тех­но­лош­ки вишок или стечај?”, пишува во писмото до Стојменов.
Спо­ред Ковачевска – Трпчевска, директорот на телевизијата Иван Мир­чев­ски признал дека списокот е направен според “апстрактни критериуми”.
“Не­ка Ви служи на чест! Не постојат пари што купуваат совест, драг Емиле. Бра­во! Имајте убав одмор во Грција”, пишува во писмото на Ковачевска – Трп­чев­ска до Стојменов.
Ка­нал 5 телевизија завчера, освен Ковачевска – Трпчевска, отпушти уште шест новинари – Богданка Кузеска, Сања Момировска, Александар Ива­нов­ски, Александра Мишова, Христена Антовска, Соња Јованова и Бранка Чоч­ков­ска, од кои тројца во моментов користат годишен одмор. (Д.Д.)

РЕАКЦИЈА НА ВЛАДАТА – Премиерот нема никаква врска со отпуштањето новинари

Вла­да­та вчера најостро и енергично ги демантираше шпекулациите за на­вод­ни­те влијанија на премиерот или на други владини функционери во слу­ча­јот отпуштање новинари од телевизијата Канал 5.
“Ни­ту претседателот на Владата ниту кој било друг владин функционер не­ма апсолутно никаква врска со оваа одлука на менаџментот на Канал 5 те­ле­ви­зи­ја. Најостро ги отфрламе обвинувањата за некакво наводно ме­ша­ње во уредувачка политика или што било друго поврзано со фун­кци­о­ни­ра­ње­то на овој медиум”, стои во вчерашната реакција на Владата на пис­мо­то на новинарката Весна Ковачевска – Трпчевска.
Во реакцијата од Владата, писмото на Ковачевска – Трпчевска се оценува ка­ко преостро и без факти и докази.
“Шо­ки­ра­ни сме и сакаме да ја увериме дека тоа што таа моментално ос­та­на­ла без работа нема никаква врска со нас туку е одлука на менаџментот на фирмата во која работела. Сепак, сметаме дека се упатени преостри збо­ро­ви кон претседателот на Владата, Владата и владините фун­кци­о­не­ри, кои не се базираат на докази и факти”, стои во владината реакција и се додава дека писмото е израз на револт чии мотиви не ги разбираат.

ЗНМ: Газдите да ги почитуваат социјалните права на новинарите

ЗНМ од сите сопс­тве­ни­ци на медиуми бара да ги почитуваат основните економски и со­ци­јал­ни права на новинарите и останатиот персонал кој работи во ма­ке­дон­ски­те електронски, печатени или Интернет медиуми
“ЗНМ, согласно својот статут и кодекс, не сака да навлегува во причините за пре­кин на работниот однос на нашите колеги од сопствениците на двата медиума, но апелира да се зачува економската сигурност на но­ви­на­ри­те, како и достоинството на новинарската фела и да запрат пре­ки­ни­те на работниот однос, особено што со таквите чекори се зголемуваат стра­вот и самоцензурата во новинарската фела, што директно води кон на­ру­шу­вање на новинарските стандарди”, стои во вчерашната реакција на ЗНМ.
Здружението дополнително ќе ги истражува информациите дека дел од от­пуш­та­њата биле политички и идеолошки мотивирани.