Венко Филипче : Од први август почна со работа патронажната медицинска служба во Лазарополе, која секој четврток, до крајот на летната сезона ќе ротира во овој регион

0
898

Од први август почна со работа патронажната медицинска служба во Лазарополе, која секој четврток, до крајот на летната сезона ќе ротира во овој регион.

Лекар и медицинска сестра од Здравствениот дом во Ростуше, еднаш неделно во периодот од 09:00 до 13:30 часот, на жителите ќе им ја пружаат потребната здравствена заштита и нега, во една од просториите на зградата од месната заедница (старата општина), која специјално е наменета за овој мобилен сервис. Здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, најблиску до домот на живеење.