ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И РАШКОВСКИ СЕ УПАТИЛЕ КОН МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА: СПОРЕД ПОРТАЛОТ СДК, АВТОБУСОТ НЕ БИЛ ОД ШТИП, ТУКУ ОД СТРУГА, ПАТНИЦИТЕ СЕ ОД БИТОЛА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС И СКОПЈЕ

0
1042

Автобусот е на компанијата „Еуробус“ од Струга, вчера појдовна станица за Виена била од Битола во 19 часот, а автобусот поминал во 19.30 во Прилеп, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од автобуските станици во Битола и Прилеп (Фото: Телеграф)

Маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус, пренесе изјава од лесковачката болница српската агенција Бета. Во тек идентификацијата на загинатите.

„Во врска со автобуската несреќа во Србија, за сега официјално од српските власти ја имаме добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Се чека на дополнителни инфорамции, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата. Веднаш штом ќе добиеме потврда од српските власти, ќе информираме. Министерот за здравство Венко Филипче, Генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на Република Македонија во Белград се упатени кон местото на несреќата“, соопштија од македонското МНР.

Повеќе за ова на порталот СДК.МК