ВЕНКО И ЗАЕВ СЕ ДЕМОКРАТИ ДО КОСКА : Владата им дала 500 евра пари на анти-ваксерите да држат научна конференција овој викенд во Скопје!

0
1254

Анти-ваксерите праќаат мејлови до сите медиуми во кои канат на конференција која ќе се оддржи овој викенд во Јавна Соба.

Во мејловите тврдат дека покровител на конференцијата е владата, што откако проверивме во влада излезе дека е точно.

– Тоа што финансиски ги помагаме да оддржат конференција не значи дека се согласуваме со нив, туку им даваме можност да си кажат што имаат да кажат, но аргументите се на наша страна и актуелна владина политика е да се продолжи со политиката на задолжителна вакцинација, процес кој е базиран на медицина базирана на докази и која е прифатена во цел развиен свет!, ова за Мактел го изјави министерот Венко Филипче.

– Јас нема да се појавам на конференцијата, но ќе пратиме наш експерт кој со аргументи ќе настапи и ќе проба да ги убеди присутните на конфренцијата за корисноста и безбедноста на вакцините., вели минисерот.

Еве ги поканите за настанот: