Скопскиот пропаднат бизнисмен и лидер во обид на нова партија која се навестуваше како ТРЕТА ОПЦИЈА, Љупчо Палевски – Палчо вчера е притворен во Белград, јавува порталот Скопје 1.
Палчо бил приведен во моментот кога сакал да се качи во авион за Москва.
Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.
Засега нема информации од нашите институции за апсењето на Палевски во Белград.