Ван Хауте: Новите министри да имаат целосни овластувања!

0
868

Не може да се ограничуваат ингеренциите на новите министри и заменици министри, кои треба да бидат предложени од опозицијата, порача медијаторот на Европската Комисија, Петер Ван Хауте на брифингот за новинарите по фијаското на лидерската средба, објави 24 Вести.

Според договорот од Пржино, СДСМ треба да предложи министри за внатрешни работи и за труд и социјала, а ВМРО- ДПМНЕ нивни заменици. Опозицијата треба да добие заменици во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество.