Ванхауте: Една од најголемите партии не го почитува договореното за специјалниот обвинител

0
928

Медијаторот на Европската Комисија Питер Ванхауте вечерва на претставниците на работната група ќе им претстави предлог-закон за избор на специјален јавен обвинител Ванхауте очекува да го прифатат и да покажат одговорност пред граѓаните, пренесе 24 Вести.

Тој порача дека се соочува со сериозни проблеми бидејќи една од најголемите партии не го почитува договореното. За која партија станува збор, не сакаше да прецизира.

„Збор е збор, а отчетност е отчетност. Ова се европски вредности за кои ние се залагаме и треба сите да се залагагаат. Роковите за избор на специјален јавен обвинител мора да се почитуваат и ако имало злоупотреби тие да се истражат“, изјави Ванхауте

Тој порача, дали и колку обвинители ќе работат заедно со специјалниот јавен обвинител е се уште отворено прашање, но очекува вечерва и за него да падне договор.

Според дипломатски извори сспецијалниот јавен обвинител ќе треба да одлучи колку обвинители му се потребни.

Ванхауте изјави дека од вечерва се отвораат предлозите за кандидат за специјален јавен обвинител кои партиите треба да ги достават, а на прашањето дали ако не се постигне договор за кандидат, тој ќе биде наименуван од ЕУ, изјави дека сите опции се можни.