Ванхауте: Груевски ме прогласи за „персона нон грата“ откако разбрал дека реагирав за нивната партиска сметка

0
1150

Дента кога Никола Груевски предложи да ме прогласат за персона нон грата, јас имав состанок со државниот ревизор и разговаравме за линкот меѓу политичкото финансирање и финансирањето на политичките кампањи, вели во интервју за порталот Мета белгискиот експерт Питер Ванхауте.

vanhaute

-Во моментот кога се почнува политичка кампања, секоја партија отвора сметка и може да префрла пари од партијата на нивната сметка за кампањи. Прашањето е од каде доаѓаат парите, дали се тоа навистина пари на партијата или приватно или владино финансирање? Се загрижив кога ги видов сметките на ВМРО-ДПМНЕ за 2014 година. Она што го забележав е дека тие не се баш веродостојни. Да Ви дадам еден пример, вкупната сума платена за персонален данок е 197.000 денари. Според моите пресметки, со овие пари можеш да вработиш само една личност. Значи најголемата партија во државата формално има вработено само една личност? Тоа е проблем и може да имплицира дека во партијата работат луѓе платени од Владата. Јас им реков дека тоа е проблем и дека ако тие не го истражат, јас ќе го направам тоа. За оваа тема мора да се крене црвено знаме. Исто беше и со Агенцијата за електронски комуникации. Знаеме дека дадоа пари за панорамското тркало во Вардар и за кулата на Водно, но кога го читам законот, јас не гледам дека тоа е дел од нивната работа. Дали е ова злоупотреба на државни пари? Очигледно, тоа не му се допадна на ревизорот и се јавил во партијата. Истата вечер Груевски во интервју кажа дека јас треба да бидам прогласен за персона нон грата – изјавил Белгискиот експерт.

Интервјуто во целост прочитајте го ОВДЕ