ВАКВА ВЕРНОСТ НА ГРУЕВЦИ И МИЈАЛКОВ ДО ГРОП Е ДОСЕГА НЕВИДЕНА – Судијката Сафија Лаличиќ изземена од предметите на СЈО за да не му досуди притвор на Мијалков

0
4057

Кривичната судијка Софија Лаличиќ е изземена од предметите на СЈО. Тоа денес самата го побарала од в.д. претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, дознава ексклузивно Макфакс.

Лаличиќ побарала изземање заради тоа што се споменува во една од „бомбите“. Претседателот Рибарев го уважил нејзиното изземање.

Ова вест за Макфакс ја потврди и самиот Рибарев.

Судијката Лаличиќ се споменува во еден разговор од „бомбите“ со шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Ноефијално дознаваме дека е можно уште една судијка да се изземе, иако таа не се спомнува во бомбите. Станува збор за судијката Моника Бавчованска, која, сепак, е сопруга на именуван функционер од поранешната владејачка гарнитура.

Во најновите обвиненија на СЈО обинет е целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Никола Груевски.

Денес во поладневните часови Основниот суд Скопје 1 веќе ги распредели новите предмети од СЈО. Се очекува рокот од 24 часа за донесување одлуки да биде пробиен, заради тоа што неколку судии се на годишен одмор.

Извор : МакФакс – Гордана Дувњак