ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО!!! Овие неколку денови по изборите, авиончето на Самсоненко се прегреало од полетај-слетај-полетај-слетај, фамилијата панично во црни вреќи спасувала што може да се спаси!!!

0
8354

Вистинска паника владеела во круговите на режимот овие денови! Секој се спасувал како што знаел!

Главна улога имале приватните авиони на Самсоненко, Камчев и Емил Стојменов.

Со црни вреќи полни со девизи, се спасувало што можело да се спаси, се празнеле девизните сметки во македонските банки, авионите летале 24/7, се прегреале моторите, пилотите почнале да се бунат дека машините не можеле да издржат таков терет!

Паниката само ќе се засилува во наредните денови затоа што се очекува да настапи нова влада и особено МВР, Царина и УЈП ќе добијат нови раководства без заменици министри кои ќе ги спасуваат мафијашите од ДПМНЕ и нивните бизнис олигарси! Особено ќе биде важно што СЈО уште на  првиот ден на новиот парламент ќе добие продолжување на мандатот и сет на закони за заштитни сведоци и други додатни алатки за ефективна работа, но се очекува и Марко Зврлевски и Панчевски да бидат сменети по што целиот државен апарат ќе се сврти против Мијалков, Грујо, Камчев, Ѕинго, Амди, Стевчо Муња и останатата банда!

Овие денови се ваделе визи за земји со кои Македонија нема договор за правна соработка и естрадиција, новата година ќе се чекала во Будимпешта, Москва, Истанбул, Њу Делхи, Анкара, Минск, дестинации кои досега не биле толку популарни…

Допрва доаѓа најинтересното, доаѓа разврската на политичката криза, Заев вети бројчаник на триумфална капија на која ќе се регистрира секое конфискувано евро од мафијашите од ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициски парнтери!