Бујар Османи од ДУИ се понаша како НАЈГОЛЕМ ВМРОВЕЦ и поголем портпарол на ДПМНЕ од оној на ДПМНЕ : Треба да се почитува принципот – победниците да прават влада

0
1502

Ахмети не се откажува од намерата за коалицирање со Груевски, oбјави Алсат-м, повикувајќи се на изјавата на портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

Портпаролот Бујар Османи од Вашингтон порача дека при формирањето нова влада треба да се почитува принципот “победник во македонскиот со победник во албанскиот блок”.
Во интервјуто за Гласот на Америка, Османи ги обвини медиумите дека вршат притисок за непочитување на овој принцип.

„Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот-победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен – за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци“, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ

Принципот дека победничките партии од македонскиот и од албанскиот блок формираат влада произлезе од Мајскиот договор од 2007-та што беше постигнат со посредство на меѓународната заедница откако во 2006-та Груевски во влада ја зеде ДПА која имаше помалку гласови акј Албанците од ДУИ, објави Алсат-м.