Булдожерот на Брисел, Карл Билт со порака до ВМРО-ДПМНЕ : Во секоја демократска земја постои Устав кој треба да се почитува

0
1626

Во секоја демократска земја постои Устав кој треба да се почитува, порача поранешниот министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт, по средбата во партиското седиште на СДСМ.

Тој рече дека тука е во извидничка мисија со паневропската организација, да собере информации кои ќе им бидат пренесени на европските лидери.

По средбата во СДСМ, Билт заминува во Мала Речица на средба со раководството на ДУИ, а потоа продолжува на средби со ВМРО-ДПМНЕ и со БЕСА.

Извор: ТВ24