Бугарски Фокус: Лажна слава на македонскиот псевдо-херој

0
1604

Бугарската новинска агенција „Фокус“ денес објави уреднички коментар, по објавените фотографии на Фејсбук од страна на водителот Миленко Неделковски. На фотографиите се гледа како Неделковски е на врвот на планината Кајмакчалан и со чекан удира врз остатоци од бетонски постамент. Претходно пак поставениот постамент од бугарската армија, е во чест на загинатите бугарски војници и македонски доброволци, кои за време на Првата светска војна учествувале во Кајмакчаланската битка, при што бугарската војска издвојувала победа над српската.

Темата во јавноста повторно доби на значење минатата недела, при посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ, кој освен што го посети гробиштата на загинатите српски војници крај Битола, оствари и средба со македонскиот претседател Иванов.

Во денешниот уреднички коментар, бугарски “Фокус“, осврнувајќи се на фотографиите на македонскиот водител вели: Лажната слава на македонскиот псевдо-херој на Кајмакчалан 59 годишниот македонски граѓанин на бившата југословенска република Македонија, Миленко Неделковски на својата фејсбук страница објави фотографии од “комплетното уништување“ на поставен спомен плоча, во чест на загинатите бугарски војници и офицери на Кајмакчалан. За волја на вистината поставената спомен плоча, всушност беше уништена и одстранета уште на 16 септмеври. Тоа се случило непосредно пред српската делегација предводена од нивниот претседател Николиќ да положи венец. Всушност, бугарската спомен плоча беше поставена на исто ниво со земјината површина и изработена од цврст армиран бетон. За отстранување на ваквата плоча, потребно е да користат повеќе машини и компресори со агрегат, а не само обичен чекан. Претпоставуваме дека одстранувањето на полочата го извршиле некои други македонски служби, а не Неделковски со чеканот.

За време на посетата на бугарската делегација, спомен плочата и положувањето на венци цвеќе беа положени на котата 120, која претставува гранична зона и е неутрална територија.

Така, вчерашната објава на фотографиите и „заслугата“ на групата предводена од Миленко Неделковски е всушност само за да ги унишат поставените венци цвеќе во чест на загинатите војници, притоа користејќи одредена фотографија која е направена од страна на 68 бригада на бугарската армија во мај оваа година. Се поставува прашањето кој го мотивирал и му наредил на Неделковски и неговата група да го нарави ваквиот чин?

Превземено од Либертас