Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ќе предложи промени во бугарското законодавство во однос на доделувањето државјанства според кои:
1.Оние кои добиле бугарско државјанство, но користат говор на омраза или вршат дејствија против Бугарија, да бидат јавно означени како иматели на бугарско државјанство.
2. Ако нивните постапки продолжат, нивното бугарско државјанство ќе биде одземено. Овие луѓе мора да изберат дали ќе бидат Бугари или ќе продолжат да живеат со југословенски и антибугарски митови и легенди“-пишува бугарскиот европратеник.