БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ПЕТМИНА БУГАРСКИ НАВИВАЧИ ПО РАСИСТИЧКИТЕ СКАНДИРАЊА КОН СЕЛЕКЦИЈАТА НА АНГЛИЈА

0
2073

Бугарската полиција уапси петмина навивачи кои на квалификацискиот натпревар во Софија пред два дена на расна основа навредуваа англиски репрезентативци.

Уапсените петмина се обвинети за расистичките навреди, откако беа снимени како користат нацистички гестови.

За потсетување, натпреварот Бугарија – Англија двапати беше прекинуван поради манифестации на расизам.

По скандалот, УЕФА отвори дисциплински случај против репрезентацијата на Бугарија. Претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михајлов поднесе оставка по повикот од премиерот Бојко Борисов да ја напушти функцијата и да ја преземе одговорноста за инцидентите.