БРУТАЛНА КОЛУМНА НА АДВОКАТОТ ЖАРКО СТЕВАНОСКИ : ПРИЛЕПСКИТЕ ЛЕБАРКИ НА ПРОПАГАНДНАТА МАШИНЕРИЈА

0
1186

По се изгледа човек не може а да не помине низ филтерот на Вашата пропагандна машинерија која Ви служи за дискредитирање, омаловажување и одвраќање на неистомислениците во намерата да го кренат својот глас против Вашите локални партиски патрони и  нивните локални политики.

zharestefanoski

Навистина дури и на сопственото членство им влевате страв во коски, кога гледаат до која мера сте забегале во покривање на можните ризици од личности од сопствените и опозиционите редови, кога станува збор за заштита на Вашите интереси.

На едно од Вашите деца, кои работат на Вашиот фашистички проект во facebook групата во Вашата општинска организација, на еден од неговите лажни профили преку кој на моја колумна против локалниот шериф во Прилеп, ми ги плесна во коментар сите можни приказни кои неговата двојна шефица му ги ставила на располагање, за историјата на мојот и животот на моето семејство, деца и сакани, му предочив дека со тоа не прави добро на никој, ами напротив му ја влошува ситуацијата на оној чиј кредибилитет го штити, како и тоа дека ќе го научам кој е, ама детето на тоа ми напиша „Во кој филм од Ал Капоне живееш ти бе?„.

Епа шефице и сите Вие дечиња кои работите на монструозниот проект во Вашата партија со години, сега ќе Ви кажам во кој филм живеам јас:

Абе Прилепски млади курнази и млади Прилепчанки, премногу сте зелени па Ве прелажале поголемите, дека ваков проект се реализира во ваков систем, на ова поднебје, и врз сопствениот народ.  Тоа се прави врз окупиран народ а не врз сопствениот.  Во 2009/10 година се нашол некој паметен за да Ви предложи проект како овој, а Вие воопшто не сте пресметале дека такви проекти прилегаат само на држави со тоталитаистички предзнак, да не речам комунистички за да не се навредите, па веднаш сте се залетале и Ве разбирам.

Сте сонувале за партиски позиции, сте се чувствувале дека сте дел од нешто големо и дека придонесувате во битен сегмент од опшественото збиднување т.е политиката, дел од Вас се надевале дека ќе имаат можност за вработување, голем дел се вработиле во некоја добра институција а дел се восхитиле од вредноста на некои си бедни 50-тина евра за Вашиот труд, кои претходно сте ги немале.  Па фрчите за време на предизборните кампањи, отварате лажни профили, шиканирате јавни личности и поединци, наметнувате и браните партиски ставови, се заканувате, пцуете и измислувате гадотии и налет тоа, проектов Ви ја инфицира и администрацијата, па ги терате луѓето и во работно време да ги споделуваат божемните достигнувања на Вашите локални и централни пастири, од отварање на јавни тоалети, до фрлање лопати во темел на некоја зграда со социјални станови.  Политика на креирање на јавно мислење се вика таквата стратегија, а Вие сте само трошки во градењето на таа стратегија корките и кајмакот се наоѓаат во клиентелизмот кој долго е воспоставен во телевизиските куќи во државава.

Да бидам попрецизен, затоа што како Вие милувате да кажете „За Прилеп се работи„.  Шефице МС, јас разбирам дека твојот работен ангажман во рамките на партијата и надвор од неа ти е X2, затоа милувам да те наречам „двојна шефица„ и од далеку се гледа дека тоа не е се, што како товар го имаш околу обезбедување на твојата лична и егзистенцијата на твоите дома, ама кога друг пат на своите млади сопартијци од facebook групата преку  приказни нарачуваш кои личности треба да се дискредитираат, земи дигитрон и пресметај се, ама добро пресметај се, затоа што постојат и луѓе кои не мораат да ја носат значката на локален шериф за да живеат како шериф, дека има луѓе што земаат далеку поголем приход од твојот шеф па не се фалат со тоа, дека има луѓе што сакаат само достоинство и не трпат понижување, особено не незаслужено, дека има и такви кои својот круг на пријатели и познаници кои би им помгнале секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба, го изградиле со време и внимание а не само поради статусот „надреден„.  Ама ако, тебе животот ќе те научи дека времето бргу поминува и дека за се што имаш постигнато на туѓа сметка ДДВ-то се плаќа, кога тогаш.

Дечиња! особено Вие две мали партиски војничиња кои ја водите facebook групата Д.К и Г.Р, Вие сте сеуште млади, го немате вкусено животот кога се расипал па горчи, и јас имав бурен живот и можам само со лоши искуства да се пофалам, ја имам видено и најскапаната страна на човечкиот ум, оној кога позади насмевката наменета за Вас се крие помислата „Ко нема да цркнеш„, знам како Ви е кога со денови пред избори и со саати доцна во ноќта седите зад мониторот и низ тастатурата ги пренесувате партиските приказни кои Ви ги раскажувале, приказни за луѓето со кои катаден се разминувате и ги отпоздравувате, на кои им се намевнувате, луѓе од кои често зависите и услуги им барате.

Жалам што во животот научив дека поговорката „Паметниот учи на туѓите грешки„ е лага, и само поради Ваше добро и мојот страв дека дел од Вас сето тоа го прават поради лична сатисфакција покрај партиската наредба, Ви предвидувам дека со тек на време од сето ова ќе извлечете една голема животна поука „Дека не се игра со туѓи зборови за туѓи животи„.  Деца, џабе Ви се тие 2-3.000,00 лажни профили, не палат повеќе, не кај овој народ и не после 10 години власт и едноумие.  Луѓето сакаат дома да почувствуваат промена, да токму таква каква што ни Вие после 10 години во сопствените домови не можете да ја почувствувате, кога ќе се вратите од филмот во кој сте забегале, додека ја ширите нивната валкана пропаганда.  Тие Ве користат само како песочен часовник а Вас како ситни зрна песок и секој еден од Вас му купува малку време на некој на врвот, време за да земе некоја подебела провизија од реализацијата на некој милионски проект од дебелета книга „Преродба во 100 чекори„ и „За Македонија се работи„.

И сега еве да Ве прашам, што добивте?, што си направивте?, знаете ли или јас сеуште живеам во некој холивудски„Ал капоне„ филм?

Најдобро сега прашајте ги надредените што да направите, сигурен сум дека на тој начин ќе сватите за кого и на каков проект сте работеле.

Пишува , адвокат Жарко Стеваноски