БРОЈЧАНИКОТ НА ЗАЕВ ФАТИ ЗАЛЕТ: На барање на ОЈО, Монако ги замрзна парите на кумот на Груевски за аферата со центрите за дијализа!

0
1559

Обвинителството во Монако постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија и ги замрзнало парите кои завршија на тамошните сметки, соопштија од обвиниелството за гонење на организиран криминал и корупција.

– На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Кнежевството Монако, ќе му биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија. Во исто време, обвинителството од Монако потврди дека судија претседавач на Судот во прва инстанца на Кнежевството Монако постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка – велат од обвинителството.

За потсетување, македонските органи отворја предмет за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија и утврдија дека фирмата концесионер била продадена, а парите во износ 8.281.000 евра се префрлени на сметка во Монако.

Обвинителството во Македонија замрзна 3.275.000 евра од сметките во земјава, а од Монако побара да се замрзнат и парите кои завршиле таму.

Инаку, сопственик на фирмата која ги имаше приватизирано деветте центри за дијализа во земјава е Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Никола Груевски.