БРОЈКАТА НА ПОЧИНАТИ РАСТЕ НАД 54 НОВИ ЛИЦА?!

0
2492

Според информациите од терен дознаваме дека официјалните бројќи на починати во поплавите не се 21 лице.

Во Арачиново има повеќе од 54 мртви лица покрај тие 21 што ги соопштуваат официјално, но дека има информации за 40 исчезнати во Стајковци и Арачиново.

Лицата не се водат како исчезнати бидејќи биле од Косово и немаат документи за претстој во Македонија. Вчера сите биле закопани на турските гробишта кај Сингелиќ и гробовите им се без имиња.

Како загинале жртвите од катастрофалното невреме во Скопје и два дена по несреќата останува мистерија. Дали се удавиле, повредиле, починале од природна или насилна смрт, нема да се испитува.
Телата на досегашните починати наместо во Институтот за судска медицина се предадени во капелата во Бутел, бидејќи таква одлука донело Јавното Обвинителство. Од Институтот велат дека се прекршени меѓународните протоколи за масовни несреќи, бидејќи со ваквата одлука на Јавното Обвинителство ќе биде нејасно кога и како настанала смртта.