БРАТОТ НА ЗАЕВ, ВИЦЕ ЗАЕВ ГО ТУЖИ “ГРАДСКИОТ КУРНАЗ” ОД ВЕЛГОШТИ ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА И БАРА ОШТЕТА ОД 500 ЕВРА!

0
1128

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице, бара 30.000 денари (околу 500 евра) оштета од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за навреда и клевета.

Вице Заев го тужи Николовски поради дадена изјава на една телевизија дека членови на семејството и братот на премиерот стануваат главен бизнис фактор во државата поради добиени тендери и бизниси.

Првото рочиште за клевета и навреда се одржа денеска во Основниот суд Скопје 2, Николовски се појави и се застапуваше сам, додека Вице Заев не дојде, а го застапуваше адвокат.