„Бранителот“ Братислав Димитров конечно награден за ПУШЕЊЕТО на Грујо со директорска фотелја во Театар за деца и млади

0
1542

Драматургот Братислав Димитров – Бато е новиот директор на Театар за деца и млади во Скопје, пишува А1он. Тој на оваа функција бил именуван од Министерството за култура.

gragansko5001

Димитров има повеќедеценсико театарско искуство како драмски писател, а последнава година и’ стана познат на пошироката јавност како член на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Тој заедно со Тони Михајловски, Миленко Неделковски, Виолета Ачковска, низ градовите во земјата, говореше во одбрана на власта и политиките на Никола Груевски, а против „предавниците“ на Македонија.

Уште пред завршувањето на законскиот рок за конкурсот за нов дректор, откако на претходниот, Драган Довлев, му заврши мандатот, на почетокот на јуни, се шпекулираше дека директорското место за Димитров во Театарот за деца и млади, е сосема сигурно.

Овој театар е најнаградуваниот македонски театарски ансамбл, последна премиера на Театарот за деца и млади беше „Заспаниот разум раѓа чудовишта“ во режија на Владимир Милчин.