Бочварски: За Македонија ќе биде погубно ако се докаже проневера на парите од ЕУ

0
1602

Недозволиво е во првите три месеци од годината во инфраструктурата да се инвестираат само 27 милиони евра или 13 отсто од планираното, затоа што со вакво темпо на крајот од годинат вложувањата во инфраструктурата нема да достигнат ниту 90 милиони евра, вели во интервју за Фактор Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт во СДСМ.

Ви пренесуваме дел од интервјуто:

Гради ли  Македонија скапа инфраструктура? И дали, од денешен аспект се покажа како исправно земањето на кинеските кредити со кои се гради дел од инфраструктурата во земјава?

Оваа влада можеше наместо 630 милиони евра за споменици преку Скопје 2014 целосно да ги изгради двата автопати, Миладиновци-Штип и Кичево Охрид без задолжување. Притоа немаше да ги оптерети граѓаните и идните генерации со нови долгови.

Очигледно провизиите се поважни од интересот на граѓаните.Најголема штета е што имаме огромна нетранспарентност при потпишувањето на овој договор. Во проектот „Вистината за Македонија“ слушнавме и тоа дека се договара провизија од 5 % или околу 25 милиони евра. Имајќи го ова во предвид, веднаш знаеме дека овие не се реалните цени на чинење.

Цената на чинење од 7 милиони евра по километар на трите почнати автопати е висока и е над земјите во регионот.

Фактор: СДСМ обвини за корупција во изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица, покренавте и кривични пријави. Но, засега нема конкретна информација од домашните институции за текот на истрагата. Очекувате разрешница или пак целиот случја би можел да заврши без никако епилог?

Бочварски: По демократската промената на власта и ослободувањето на институциите на државата ќе добиеме одговор на сите сомнежи за корупција во праведна и фер постапка, а секој ќе одговара за своите постапки.

Фактор: Од друга страна Европската канцеларија против измами – ОЛАФ отвори истрага за тоа како се трошеле парите од ИПА фондовите во Макеоднија. Покрај тоа што еден од случаите кои се истражува е случајот Демир Капија Смоквица, очекувате ли дека може да се отворат сомнежи и за други инфраструктруни проекти финансирани со европски пари?

Бочварски: Вмро Дпмне и се е можно. Преку „Вистината за Македонија“ граѓаните се изнаслушаа мал милион случаи кои треба да се истражат. Не ја отфрлам можноста да се појават и нови случаи кои ќе бидат откриени после промената на власта. Би било погубно за Македонија доколку се докаже дека Владата направила проневера на пари од Европските фондови. Затоа час поскоро мора да си замине оваа Влада. Македонија мора да тргне напред.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.