БОСАНЦИТЕ ГО ПРОГЛАСИЈА ЗАЕВ ЗА ЛИДЕР НА ГОДИНАТА ВО ЕВРОПА И МУ ДОДЕЛИЈА СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ,,ЕВРОПСКА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА” ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ И ОЧЕКУВАЊА ПРЕД КОИ Е ИСПРАВЕН

0
1660

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на манифестацијата важна за бизнисот во Југоисточна и Средна Европа, „Најменаџер и најкомпанија за 2017″, во Сараево, доби специјално признание, „Европска личност на годината” и „Носител на позитивни промени во регионот”, за ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови за унапредување и подобрување на животот кај граѓаните.

Неговата порака е дека благодари за довербата, што ја добива втора година по ред со најава дека ќе ги унапредува заедничките односи во интерес на целиот регион.
Премиерот Заев присуствуваше на традиционалниот бизнис собир, што се одржува 36 пат во Сараево, во организација на Независната европска агенција, Европско здружение на менаџери и списанието Еуроменаџер, во партнерство со надворешно-трговската комора на БИХ, на којашто доби признание од позиција на премиер, а лани доби награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа за 2016 година.zaev-priznanie1

Премиерот Заев денеска се сретна со претседавачот на Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, а вечерва има работна вечера и со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Пораката на високо политичко ниво од Сараево е дека постои силна определеност за меѓусебна соработка со цел интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ и НАТО.