БОРЈАН СО БРУТАЛНА КОЛУМНА ЗА ЛАЗЕ ЕЛЕНОСКИ, ПОРТРЕТИРА ЕДНО НЕВЕРОЈАТНО ЃУБРЕ!

0
2187

Навистина прекрасна колумна:

Разбирливо ми е дека кога сте во политиката, компромисите се често нужно зло или некаква контраиндикација на политиките што ги водите за да ја создадете големата слика. Сепак, тие компромиси мораат да имаат црвена линија токму поради нивниот потенцијал да ги загрозат контурите на таа голема слика до степен, истата таа да стане невкусна со атрибути на вулгарност.

Ете на таков ми личи компромисот на Зоран Заев постигнат со Али Ахмети кој, од малку познати причини, извади лик од шинелот на Груевски каков што е Лазар Еленовски кој сега е назначен за Специјален пратеник на Владата за НАТО, организација која освен воена моќ е некаков симбол на демократските вредности и принципи.

Тој Лазе Еленовски својата кариера ја направи како школски другар на Груевски, ставајќи го во неговиот скут Евроатлантското движење на Македонија, кое, како невладина организација, беше создадено токму со идејата да ги негува и развива демократските вредности во Македонија.

Делувањето на Лазар Еленовски како претседател на ова движење, истата организација ја доведе во состојба на нејзин антипод во служба на еден брутален режим од чии последици се уште сме општество во критична состојба.

Принципите на Евроатлантското движење за Еленовски има цена за министерска функција во ресорот одбрана, истиот оној кој во времето на Груевски државата ја стави во длабоко минусно салдо, кога станува збор за евроатланските интеграциски процеси.

Токму во времето на Еленовски како министер за одбрана започна операцијата на Мијалков на концертирање на моќта во неговите раце при што една од жртвите беше военото разузнавање кое братучедите не можеа да си дозволат да биде вон нивната контрола.

Слични процеси се одвиваа и со буџетот на одбраната кој со амин на Лазе се слеваше во полициските структури на сметка на одбраната, за да се задоволи потребата за концентрација на моќта во рацете на фамилијата. Ова беа длабоки антидемократски резови во функција на директно загрозување на евроатланските интеграциски процеси во кои редовно се колне Али Ахмети.

Кога партијата на Тито Петковски, чиј член беше Еленовски сфати како стојат работите и кај тера Груевски, ја напушти коалицијата. Но Еленовски тогаш ја напушти партијата на Петковски и заедно со Хари Вулгаракис, подоцна еден од творците на пропагандата машинерија на режимот, создадоа некаква политичка партија која требаше да игра некаква улога во политичката весела математика на Груевски. Разбирливо, за таа партија гласаа членовите на потесните семејства на Еленовски и Вулгаракис, па двајцата целосно се препуштија во скутот на Груевски.

Еленовски со помош на неговото албанско потекло по мајка се вдоми како амбасадор во Белгија, а Вулгаракис му се посвети целосно на Груевски, импресионирајќи го лидерот со создавањето на озлогласениот Курир за што подоцна беше награден со директорска функција во МРТВ. Двајцата како сателити на ВМРО ДПМНЕ ја докажуваа својата лојалност кон Груевски газејќи по самите себе си.

Еленовски во Брисел како амбасадор ги прекина личните контакти со пријатели кои често му излегувале пресрет, само затоа што истите биле ставени на црната листа на непријатели на лидерот. Претпоставувам дека по службена должност Еленовски како амбасадор го бранеше ликот  и делото на лидерот пред дипломатскиот кор во Брисел се до октомври минатата година, кога му истече мандатот на оваа дипломатска функција.

Со се што остави зад себе Еленовски денеска би требало да биде симбол на апаратчик кој брутално гази принципи штитејќи го само и само личниот интерес. Еленовски треба да биде илустрација за тоа каква не смее да ни биде државната администрација.

Наместо тоа денеска слушаме дека Еленовски треба да не афирмира во Брисел како општество во процес на демократски реформи кои треба да ни ја вратат позицијата во НАТО, истата онаа која ја изгубивме поради тргувањето на Еленовски со стратешките интереси на државата за да ги задоволи сопствените амбиции.

Многумина претрпевме тешки времиња под чизмата на Груевски. Голем дел од нас пруживме отпор против тоа зло не од потреба денеска да бидеме наградувани со државни функции туку од потреба да ја спасиме иднината на нашите деца оставајќи им во наследство чист образ и мирна совест, богатство за кое некои денеска би платиле милиони за да го добијат.

Кога ја слушнав веста за Лазе некако прво на ум ми падна Ѓорѓи Лазаревски, човекот кој заедно со Верушевски и Костовски го донесоа магичниот лек кој му помогна на дрогираното македонско општество да се спаси од целосно комирање предизвикано од дрогите со кои Груевски го дрогираше колективот. Лазаревски е се уште без работа, а Лазе еве го пак, ни помалку ни повеќе Специјален претставник на Владата во НАТО.

Би требало да заклучам дека борбата за принципи не вреди пет пари. Но нема, затоа што сум убеден дека кога и да е, принципите сепак ќе надвладеат.