БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ: Отворивме нови 220 места за упис на дечиња во Гази Баба, со проширувањето на градинките Калинка и Морковче, како и со изградбата на новата градинка во Стајковци

0
1012

Уште една добра вест, овој пат за најмладите. Реконструкцијата на детската градинка Калинка во Железара е завршена. Денеска заедно со тимот со кој што работиме на овој проект, направивме увид каде се во тек завршните подготовки како опремување на просторот за пречек на децата.

Среќен сум што уште едно ветување се реализира. Трите занимални се спремни за да ги отворат вратите за плус 60 деца. Проширувањето на градинката Калинка го работиме заедно со #МТСП, со средства на општината пак извршивме и обнова на кровот.

Рековме дека ќе работиме за зголемување на вкупниот капацитет во детските градинки, успеавме во тоа ✔️. Си стоиме на зборот. 📈Отворивме нови 220 места за упис на дечиња, со проширувањето на градинките Калинка и Морковче, како и со изградбата на новата градинка во Стајковци.