БОРЧЕ ВО ГАЗИ БАБА ДОВЕДЕ ТУРСКИ ИНВЕСТИТОРИ НА КОИ ИМ ПРЕТСТАВИ БИЗНИС ПЛАН ЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ОПШТИНАТА

0
1368

🇲🇰🇹🇷Турска делегација предводена од заменик министерот за земјоделство и шумарство Mehmed HAdi Tunc, заедно со бизнисмени на реномирани турски компании од неколку области денеска беа мои гости. Ги запознав со она што не поврзува нас од општина Гази Баба со Турција, со традицијата, со обичаите, соживотот, со обележјата кои останале од Османлиско време, а кои ние ги негуваме до ден денес.

Потоа им ги претставив и можностите за инвестиции во нашата општина и им посочив дека ние за секој инвеститор ќе бидеме верен партнер од инвестиција до реализација на нидната идеја. Беа заинтересирани за обезбедување на големи површини за производство на зеленчук и овошје, за отворање на фабрики за негова преработка, за пакување и извоз.

Со оглед на тоа дека општина Гази Баба располага со голема површина за инвестиции, беа задоволни што доколку би инвестирале на наша територија, ќе имаат можност својот бизнис да го пласираат на големи парцели, со цел да бидат достапни и на Балканот.

Министерот и бизнисмените изразија задоволство за шансите одличната соработка да се продлабочи уште повеќе во повеќе сектори, затоа што во Северна Република Македонија гледаат верен пријател. Ни изразија поддршка и за Евроатланските аспирации.