БОМБА: 8-те пратеници од опозицијата кои гласаа ЗА испратија писмо со 4 услови под кои гласаат!

0
9857

Група пратеници од опозицијата до Собранието, непосредно пред гласањето, поднесоа предлог со неколку услови под кои би гласале за да се отвори постапката за уставни измени.

Од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата следните пратеници гласаа ЗА:

Владанка Авировиќ (Социјалистичка партија)

Емилија Александрова

Љубен Арнаудов

Сашо Василевски

Нола Исмајлоска Старова

Елизабета Канческа-Милевска

Крсто Мукоски

Зеќир Рамчиловиќ

Нивниот предлог ви го пренесуваме во продолжение:

Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните амандмани:

1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.

3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.

4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена.