БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ : Во 2020 година ќе им враќаме по 500 евра на граѓаните за купената роба во маркети, бутици…

0
1452

Од идната година Владата планира да воведе нов систем таканаречен „Повеќе пари кај граѓаните“ со кои ќе се овожможи поврат на ДДВ на граѓаните при купување на стока од широка потрошувачка.

Премиерот на Владата на РМ, Зоран Заев, на оваа тема најави дека проектот за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ за потрошувачка до 30.000 денари, кој требаше да стартува од 1 февруари 2019 година, ќе започне да се реализира од 1 јули 2019 година. Првите шест месеци од проектот ќе биде експериментален, а реално тој би стартувал од 1 јануари 2020 година.

Пилот-проектот е замислен да биде наменет за посиромашните граѓани во државата и затоа нема да се однесува за купување на луксузни производи. Првично тој треба да стартува во неколку општини во земјава, но засега не се открива кои ќе бидат тие.

Повратот на ДДВ на граѓаните не е новина и тој е практикуван во повеќе европски држави и искуството покажало дека дава добри резултати.

Според премиерот оваа одлука е донесена бидејќи смета дека не е фер некој побогат со големи примања да добие многу поголем поврат од некој со мали приходи.

– Првите 6 месеци ќе бидат ексериментални за да може да ги провериме резултатите, така што ако е се во ред ќе стартуваме од први јануари 2020– вели Заев и дополни дека експериментот ќе се однесува на сите граѓани кои се приматели на социјална помош, кои што имаат еден вработен во семејството за да може државата внимателно да го постави како е најдобро за оваа категорија на население.

Во Македонија ДДВ од 18 проценти плаќа секој граѓанин при секое пазарување. Поволностите на проектот можат да се согледаат преку еден практичен пример. Така ако сметката е 1.000 денари, тогаш на државата и се плаќа ДДВ од 180 денари. Со поврат на данокот, купувачот треба да добие назад 15 проценти од таа сума, односно 27 денари.

Проценките на Заев се дека на овој начин поголемите потрошувачи на годишно ниво би можеле да имаат поврат на ДДВ и до 30.000 денари, сума која е во висина на една солидна плата за македонски услови.