ПОЛИТИЧКА БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ ОДЕКНА НА ПЛУСИНФО – ЕВЕ ГО ГНАСНИОТ ПЛАН НА ДУИ И ВМРО-ДПМНЕ СО КОЈ ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА ФОРМИРААТ ВЛАДА!!!

0
8533

Најверојатно во текот на утрешниот ден, на седница на претседателството на ДУИ, Али Ахмети ќе предложи партијата да стапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но премиер да биде поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски. Никола Груевски и никој од вмровските функционери под истрага немало да бидат дел од владата.

Според договорот кој наводно бил постигнат, претседател на Собранието ќе биде Талат Џафери. ДУИ ќе ги добие и министерствата за одбрана, за правда и за животна средина.

Партиски извор за Плусинфо тврди дека во игра биле огромни пари и уцени. Но, работата не била завршена. Најголем проблем е гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, кој се противел на планот, а контролирал уште двајца пратеници.

Во текот на утрешниот ден во Мала Речица се очекува вистинска драма. Нема да биде помирно ниту во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Голем број симпатизери на ДПМНЕ не веруваат дека Груевски ќе се откаже од премиерската функција.

Извор : Плусинфо