БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ НА Лајм : Ахмети остана без тројца од пратениците, му откажуваат послушност ако прави коалиција со Груевски

0
2226

Во овие моменти кога секојдневно се објавуваат информации дека ДУИ е блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ, тројца пратеници од оваа партија му откажале послушност на Ахмети и јасно кажале дека нема да поддржат нова влада на Груевски, објави Лајм.

Не се објавуваат нивните имиња, меѓутоа и покрај големиот притисок што им се врши за да се откажат од мандатите, тие не попуштат, па затоа челниците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ сега бараат резервни пратеници во други партии за да стигнат до бројката од 61 пратеници.

Не се знае како ќе функционираат и како ќе се однесуваат овие тројца пратеници доколку ДУИ сепак реши да направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, односно дали ќе останат во ДУИ или ќе преминат во друга партија.