БОМБА ОД ЊУ ЈОРК !!! Богоевски тврди: 5 милиони поткуп од Маѓар телеком зеле и Али Ахмети и Муса Џафери

0
1128

Во дел од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Слободан Богоевски, дадено пред адвокатите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.

8548943903223-540x259

Во сослушувањата пред Јужниот обласен суд на Њујорк, Богоевски сведочи и одговора потврдно на прашањата на американскиот владин адвокат, поврзани со давањето на мито на определени политички партнери во тогашаната македонска влада, која ја водеше поранешниот премиер Владо Бучковски.

Така, во објавениот транскрипт на страната 25, Богоевски ги именува Бучковски и лицата А.А. и М.Џ. дека во повеќе наврати, а со посредство на луѓето на Кондоминас, примиле 7.5 милиони евра во кеш.

Понатаму, Богоевски потврдува и дека во рамките на „нон-пејпер“ документот кој заеднички го изработиле директорите на Маѓар Телеком, заедно со советниците на Бучковски и Кондоминас, во параграфот 231, од Нон-Пејпер Договорот, кој веќе е потпишан од Бучковски и директорите на Маѓар Телеком, се наведува дека од сумата од 7.5 милиони евра, 5 милиони евра се за пријателите од Тетово, а 2.5 милиони евра за страната А, односно за Бучковски.

На прашањето дали Богоевски знае да каже со кого се поврзуваат иницијалите на А.А. и М.Џ. пораншниот шеф на тајната полиција одговора дека тоа се иницијалите на Али Ахмети и Муса Џафери, при што на Богоевски на прашањето на американскиот адвокат, одговора потврдно дека знае оти наведената сума е за поткуп на именуваните политичари.

Во однос на динамиката на исплатата на наведените суми, во сослушувањето се наведува дека првата рата од исплатата од 2.5 милиони евра требало да се изврши до 30 декмеври 2005 година, а останатите 2.5 милиони до крајот на јули 2006, односно како што било наведено во Протоколот за соработка, потпишан со македонската влада и директорите на Маѓар Телеком, и претставници.

Притоа албанските коалициони партнери од ДУИ го условиле потпишувањето на Протоколот за соработка меѓу двете страни, со исплатата на првата рата од дговорената сума за нив за поткуп во износ од 2.5 милиони евра. Поради тоа, група од соработници на Бучковски и Кондоминас патувала во Тетово во куќата на Абдилаким Касани, каде биле и Ахмети и Џафери, за да ги предадат парите за нив, во кеш.

Во сведочењата на Слободан Богоевски во Скопје, а за Њујоршкиот суд обласен суд, кој документ содржи 166 страни се наведуваат и други пикантерии. Така, тој посочува дека најблиските соработници на екс премиерот Владо Бучковски, патувале во повеќе наврати со огроми суми на пари во кеш, и дека некои операции се вршеле во меѓуграничните зони, а во неколку наврати заради безбедност бил употребуван и премиерскиот блиндиран Мерцедес, а биле инволвирани и повеќе лица соработници на Бучковски кои тој ги вработил во Владата.

Дел од транскриптот од сведочењето на Богоевски на Англиски јазик:

54434332322332 5676890