БОМБА од СЈО: Има сведоци што ќе потврдат дека власта ги крадела изборите

0
1100

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има сведоци кои потврдуваат дека високи функционери на власта местеле избори, дознава „Мета“. Сведоците засега се заштитени и имињата ги знаат само неколку обвинители за да се заштити нивната приватност.

– СЈО има сведоци кои потврдуваат дека се местеле избори. Тие ќе го урнат митот за чиста победа на владејачката гарнитура – брифира извор близок до СЈО за „Мета“.

Дали има сведоци за случајот со изборни манипулации кои сведочат во корист на Специјалното обвинителство и кои имаат докази за изборни неправилности, прашавме и во СЈО.

– Освен материјални, имаме и вербални докази, меѓутоа во интерес на истрагата не можеме да ви откриеме повеќе детали – се вели во одговорот од СЈО.

На 12 февруари годинава, СЈО ги осомничи поранешните министри за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата и други непознати лица, како сторители на кривични дела против изборите и гласањето. Ова е првиот случај за кој Специјалното обвинителство (СЈО) на Катица Јанева поведе истражна постапка, а се води под името „Титаник“. Поднесени се обвиненија и против пет судии од Управниот суд, како и против четири члена на ДИК од 2013 година.

– Во 2012 година, осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на влада, заедно со други засега непознати лица, заради опстојување на власт на партијата и заради нивни непосредни привилегии, создале група која имала цел да врши кривични дела против изборите – соопшти на прес-конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи.

Целата сторија ОВДЕ