БОМБА ОД ОСНОВЕН СУД 1 : ДЕНЕСКА СТАСА ОДЛУКАТА ЗА ОДЕЊЕ ВО ЗАТВОР НА ГРУЈЧЕ КОЈ ТРЕБА САМ ДА СИ ДОЈДЕ ВО ИДРИЗОВО ВО РОК ОД ДВЕ НЕДЕЛИ, СО САПУНЧЕ ПИЏАМИ И ЧЕТКА ЗА ЗАБИ ДА СЕ ЈАВИ ВО ЗАТВОРОТ!

0
4917

Потврдената затворска казна од две години за експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и намалената казна од 6,5 на 4,5 години затвор за поранешниот шеф на набавки во МВР Ѓоко Поповски, денеска стигна во Основниот суд Скопје 1 пред судија за извршување санкции. Печат во Кривичниот суд на пресудата од Апелација е удрен, со што таа стана правосилна, пренесе СДК.

„Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како ‘Тенк’ ,од Апелациониот суд денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Според законот, од денеска тече рокот од 2 недели кога Груевски треба доброволно да се јави во затворската установа што ќе му ја одреди судијата за извршување санкции од Кривичниот суд. Поповски веќе е на отслужување на својата казна.

Груевски е осуден во случајот „Тенк“ на СЈО, за незаконито влијание во набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“ од безмалку 600.000 евра. Поповски е осуден за истиот случај.

Груевски може да побара одлагање на почетокот на извршувањето на казната (по член 89 од Законот за извршување на санкциите), ако:

  • се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности
  • се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице
  • одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила
  • осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета
  • одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувало
  • заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството, или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството
  • е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеца, и ако:
  • е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или тие лица имаат живеалиште.

Груевски и Поповски можат да искористат вонредни правни лекови за преиспитување на одлуката на Апелација, но тоа не го одлага извршувањето на казните. Овие работи тие ќе може да си ги бркаат од затворска установа.

Ако искористат правни лекови од Врховниот суд, судот нема да може да одлучува без да побара мислење од надлежниот јавен обвинител.