БОМБА ОД ОГРОМНИ РАЗМЕРИ НА ТЕЛМА, НОВ СКАНДАЛ НА ПОВИДОК : Тендерот за физичко обезбедување на 40-тина државни објекти тежок 2,6 милиони евра фаворизира одредени фирми!

0
2005

Дел од условите во тендерот за физичко обезбедување на 40-тина државни објекти тежок 2,6 милиони евра фаворизираат одредени фирми, велат добро упатени извори за Телма. Прашуваат зошто во тендерот се бара компанијата да има 350 вработени со службени легитимации од Комората за обезбедување кога во тендерот стои дека ке им бидат потребни 157 обезбедувачи. Ова според некои агенции е и спротивно на Законот за јавни набавки кој бара еднаков третман и недискриминација на економските оператори.

Дел од агенциите кои сакаа да останат анонимни прашуваат и зошто се бара фирмата да има последните 3 години, барем 2 договори за физичко обезбедување со најмалку 70 лица. Велат многу малку компании барале обезбедување со толку голема бројка на обезбедувачи

Познавачите брифираат и дека со условот агенцијата да поседува 70 парчиња оружје се стеснува изборот. Според податоците од мвр од крајот на минатата година само 3 агенции за обезбедување го исполнуваат овој критериум.

Целата сторија на следниов линк ОВДЕ.